
Шпанскиот интернационалец Серхио Рамос нема да биде во тимот на ПСЖ ниту за неделното гостување против Рен во францускиот шампионат, иако претходно се предвидуваше дека би можел да дебитира токму на овој натпревар. Сепак, очигледно дека тој и понатаму е недостапен за тренерот Маурисио Покетино, а тоа почнува сериозно да ги нервира приврзаниците на ПСЖ.
Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид се уште нема одиграно ниту една минута во парискиот тим. Тој дојде ова лето на „Паркот на принцовите“ и има огромна плата, а се уште нема одиграно ниту минута.
Медицинскиот тим на ПСЖ ќе работи напорно за да го оспособи Серхио Рамос за настап на 15 октомври на „Паркот на принцовите“ против Анже, три дена пред важниот меч во Лигата на шампионите против Лајпциг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
