
Ренова го декласира Вардар со 4-0, за јавноста можеби и големо изненадување, но според прикажаното на теренот, сосема заслужен триумф на „гипсарите“. Силата на тимот е во колективот, вели Влатко Стојановски, но напаѓачот се издефинира како најдобар играч на 20.коло во Првата фудбалска лига.
„Благодарност за изборот, искрено многу ми значи, но сепак силата на Ренова е во колективот. Мислам дека целиот тим одигра одлично, пред се тактички, со мудра поставеност од нашиот шеф Никола Илиевски. Ги искористивме нашите шанси, брзо постигнавме голови и потоа беше полесно. Резултатот е убедлив, ама според играта и сосема е заслужен триумфот на Ренова“, вели Влатко Стојановски.
Со погодокот против Вардар, Влатко Стојановски го презеде и врвот на листата на стрелците. Има 12 постигнати гола, еден повеќе од Бесарт Ибраими, кој е повреден и не настапува за Шкендија на стартот на пролетта.
„За секој напаѓач е важно да постигнува голови. И за тоа е повторно многу важен колективот, затоа што фудбалот не е индивидуална игра. Ќе се трудам на секој натпревар да го дадам максимумот, пред се Ренова да бележи добри резултати, а головите се моја работна задача“, истакнува голгетерот на Ренова.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
