Младинскиот репрезентативец Марко Ѓорѓиевски е во фокусот на вниманието по првото пролетно коло во двете второлигашки конкуренции. Офанзивецот на Борец со два погодоци партиципираше во триумфот од 3-0 на велешани против Плачковица во првото пролетно коло, па неизбежно се издвојува како играч на 15. коло во изборот на МАКФУДБАЛ.
Уште на стартот од пролетната сезона Ѓорѓиевски покажа дека е еден од најголемите македонски таленти, носител и на офанзивата на Борец кон се поотворениот пат кон прволигашкото друштво.
„Задоволно сме секако што на ваков начин ја почнавме пролетната сезона. Борец ќе атакува на секоја победа до крајот на шампионатот, сето тоа како подготовка веруваме во следната прволигашка сезона. Мое е да продолжам во ист стил и секако со своите игри да допринесам исклучиво во интерес на колективот“ – вели Ѓорѓиевски.
Во следното 16. коло Борец гостува на Вардар Неготино во Втората лига – Исток.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Линекер: Хари Кејн е подобар играч од мене
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













