Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, ја прокоментира победата на неговиот тим со 0-2 против селекцијата на Франција во пријателскиот натпревар во Лион. Ривалите одиграа контрола на 83 дена пред почетокот на ЕВРО 2024, чиј домаќин ќе биде токму Германија.
„Честитки за тимот, ова беше многу, многу добро! Првите 25 минути беа одлични. Можеби требаше да постигнеме уште еден гол. Стартот се одвиваше според планот, сѐ беше совршено подготвено. Уште повеќе се подобривме во вториот дел и имавме три-четири шанси. И по неколку замени во тимот имавме две одлични можности. Сега кога е готово, исклучително сум задоволен“, изјави Нагелсман.
Германија славеше против Французите со головите на Флоријан Вирц во првата минута и на Каи Хаверц во 49.минута од мечот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













