Connect with us

Нагелсман тргнал со тупаници кон судиите, по поразот на Баерн во Менхенгладбах

Шампионот Баерн Минхен доживеа непријатен пораз (3-2) од Борусија Менхенгладбах, кој би можел да ги симне од лидерската позиција доколку Унион Берлин денеска го победи Шалке.

Баерн остана со фудбалер помалку по само десетина минути, по исклучувањето на Дајот Упамекано, а тренерот Џулијан Нагелсман беснеел во соблекувалната и ги нападнал судиите.

Тој со тупаница чукал на вратата од судиската соблекувална, а потоа и влегол внатре да се објаснува со нив.

„Емоциите се дел од спортот, но морам да се извинам за изборот на зборови што му ги упатив на судијата Тобијас Велш и на неговите помошници. За жал, отидов предалеку“, изјави Нагелсман откако сфати што направил.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови