
Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, беше многу задоволен од претставувањето на својот тим во дуелот против Шкотска, со кој беше отворено Европското првенство. Бундестимот победи со 5-1 и ја забележа најубедливата своја победа на европските првенства.
„Првите 20 минути беа впечатливи. Дејствувавме многу моќно, користевме пресинг и тоа ни помогна. Брзо постигнавме гол, по што ја задржавме концентрацијата до крајот“, рече Нагелсман.
„Резултатот е многу добар, но ова беше само првиот чекор. Важно е што комплиментите не одат само кај еден играч, туку кај целиот тим“, додаде 36-годишниот стручњак.
Нагелсман стана најмладиот тренер кој води тим во завршницата на Европското првенство.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш
