Селекторот на германската репрезентација Џулијан Нагелсман планира да го направи Мануел Нојер стартен голман на ЕП 2024. Капитенот на Баерн Минхен ќе ги пропушти пријателските натпревари против Франција и Холандија, но тоа нема да ја промени одлуката на селекторот.
„Одлуката не може да се смени поради проблем со мускулот. Тоа е мала повреда. Тој нема да биде надвор од терените осум месеци. Горд сум што имам голмани од светска класа. Марк-Андре тер Штеген ќе добие шанса сега“, изјави Нагелсман.
Тер Штеген ќе го заземе местото на Мануел Нојер на голот на Германија на претстојните испити за Германците, кои се домаќини на Европското првенство во јуни и јули.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













