Connect with us

Нагелсман: Не сме рамнодушни на ситуацијата во која се наоѓа Баерн

Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, е под притисок откако неговиот тим не победи на последните четири натпревари, а исто така го загуби и баварското локално дерби со Аугсбург (0:1) во последното коло пред паузата.


„Ако кажам дека последните две недели ме оставија рамнодушен, би излажал. Чувствувам одговорност во оваа ситуација, но знам и дека не сум виновен за се“, изјави младиот стратег. „Постојано се преиспитувам себеси, секој ден. Но, немам оставка во мојата глава“, додаде тој.

Десеткратниот германски шампион Баерн постигна четири гола на последните четири натпревари во Бундес – лигата, откако постигна 15 во првите три кола.

Следните три првенствени натпревари против Баер Леверкузен, Борусија Дортмунд и Фрајбург ќе покажат дали 35-годишниот Нагелсман може да донесе правилни одлуки во криза.

Баерн Минхен вечерва го пречекува Баер Леверкузен на „Алијанц арена“ во премиерниот дуел од деветтото коло во Бундес-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови