Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман не ја негираше можноста Хари Кејн да пристигне на „Алијанц арена“ иако потенцираше дека тоа е тешко остварлив трансфер дури и за баварскиот гигант.
„Тој е многу скап, тоа е проблемот, но секако е фантастичен играч. Еден од ретките кој може да игра како центарфор и како број „10“. Многу е силен, брилијантен со глава и со двете нозе. Секако дека би постигнал многу во Бундеслигата. Не знам која е неговата цена, но за Баерн ќе биде тешко да го купи. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, изјави Нагелсман.
Кејн има договор со Тотенхем до 2024. Минатото лето сакаше да замине, но клубот не му дозволи да прејде во Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













