
Баерн Минхен е заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат германските медиуми. Новиот тренер Џулијан Нагелсман сака да го види Шпанецот на „Алијанц арена“.
Барселона сака да го врати Олмо на „Камп Ноу“, со оглед дека тој ја помина школата на каталонскиот гигант во младинските категории, а потоа замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.
Нагелсман одлично го познава 23-годишниот Шпанец и сака да го донесе во Баерн Минхен, но Лајпциг бара отштета од 50 милиони евра. Баварскиот клуб ќе отпочне преговори за одличниот играч за врска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal