
Селекторот на Германија, Џулијан Нагелсман, изрази задоволство од нерешениот резултат 1-1 против Швајцарија. Германија освои еден бод, што го остави домаќинот на врвот на групата А.
Нагелсман истакна дека овој резултат е заслужен, иако тимот ризикуваше да прими гол, бидејќи мораше да се фокусира на напад.
Тој го пофали стрелецот на голот, Никлас Фулкруг, истакнувајќи го како важен играч кој може да внесе промени во текот на натпреварот.
„На крајот, ова беше заслужен бод. Секако, ризикувавме да примиме гол од контранапад, но моравме да напаѓаме. Бодот е сосема заслужен. Швајцарија е опасен противник, но ние тактички правилно влеговме во натпреварот. Никлас повторно постигна убав гол, тој е важен играч за нас. Среќни сме што имаме таков фудбалер кој може да влезе од клупата и да го смени текот на натпреварот“, истакна селекторот на Германија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
