Бразилската фудбалска легенда Зико бил жртва на кражба во Париз, каде што учествува во делегацијата на својата земја за Олимписките игри.
Според извори, Зико напуштил својот хотел и се упатил со такси, носејќи куфер со скапоцени предмети и голема сума пари. Се смета дека крадците дејствувале организирано. Еден од нив го одвлекол вниманието на возачот на таксито, додека другиот го украл куферот. Вредноста на украдените работи се проценува на околу половина милион евра.
„Зико се качил во таксито и седел на задното седиште. Куферот бил покрај него, но не го држел. Прозорците биле отворени. Крадците го запреле таксито со цел да прашаат возачот дали можат и тие да се качат. Едниот од крадците започнал разговор со возачот и со Зико, додека другиот брзо го украл куферот. Зико го забележал недолго потоа, но крадците веќе биле исчезнати“, пренесуваат бразилските медиуми.
Француските власти веднаш почнале истрага за случајот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













