Шампионот Струга Трим Лум на стартот од сезоната на домашен терен (17 часот) го пречекува актуелниот освојувач на Купот, тимот на Тиквеш. По европските предизвици кои завршија многу рано, двете екипи веќе максимално се фокусирани на домашната сцена.
Тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи, очекува неизвесен меч, но и верува дека неговиот тим може да стигне до триумф.
„Струга Трим Лум повторно е претендент за титулата шампион, и секако со таков епитет, ќе мораме да влеземе во секој натпревар за победа. Тиквеш покажа висок квалитет за време на минатата сезона, па затоа денеска очекуваме многу тежок натпревар. Дополнително, секогаш почетокот на шампионатот е многу тежок и тоа влијае на секој тим, но мислам дека имаме квалитет и сум оптимист за победа“, изјави тренерот на Струга ТЛ, Ќатип Османи.
Шкендија му гостува на новиот прволигаш Беса во Гостивар. Со Бесарт Ибраими како нов предводник на тимот, тетовци очекуваат успешен старт.
„Никогаш не е лесно да се победи на стартот. Но, тоа секогаш е целта на Шкендија. Ја респектираме Беса, тие значително се засилија, а сигурно ќе сакаат и да покажат многу на премиерата во Првата лига. Но, наша цел се трите бода“, вели Ибраими.
Шкупи на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари ќе ја пречека Воска, а Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ е домаќин на Силекс.
Младиот „романтичар“ Димитар Данев вели дек Работнички размислува за триумф на стартот.
„Старт е на новото првенство, а секој почеток е тежок. Но, ние работевме квалитетно во текот на летните подготовки и мислам дека сме максимално подготвени за успешен старт. Имаме респект за Силекс, но максимално сме мотивирани за позитивен почеток на шампионатот. Играме на домашен терен и веруваме дека можеме да стигнеме до успех. Доколку ги исполниме задачите на стручниот штаб, се надеваме на најдобро“, изјави Данев.
Пелистер се враќа во елитата и го пречекува Гостивар на стадионот „Петар Милошевски“, а Брера и Вардар ќе играат на рефлектори, од 20 часот на стадионот „Благој Истатов“.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 1.КОЛО (СЕЗОНА 2024/25) – 17 ЧАСОТ
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – ТИКВЕШ
ШКУПИ – ВОСКА СПОРТ
БЕСА – ШКЕНДИЈА
РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС
ПЕЛИСТЕР – ГОСТИВАР
БРЕРА – ВАРДАР (20 ЧАСОТ)
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski