Connect with us

„На Нејмар фудбалот не му е приоритет број 1 во животот“

Тренерот на Нејмар во Ал-Хилал, Жорге Жесус, сподели дека Бразилецот е апсолутна спротивност на Кристијано Роналдо.


„Тој е радикално различен од Роналдо. Кристијано има повеќе страст за фудбалот и го прави свој приоритет број 1 во животот. За него фудбалот е најважното нешто. Нејмар, пак, има повеќе интереси за други работи, нешта поврзани со неговиот личен живот, што тој го става на прво место“, изјави Жорге Жесус.

Нејмар од ПСЖ направи трансфер во Ал-Хилал, но се здоби со тешка повреда и во моментот се рехабилитира.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови