Македонската фудбалска репрезентација на 21. јуни ќе игра против Холандија во Амстердам, тоа ќе биде третиот меч од групната фаза на Европското првенство. Навивачите кои ќе сакаат да се најдат на трибините на „Јохан Кројф арена“ ќе мора да направат ПЦР – тест на денот на натпреварот.
Надлежните во Холандија објавија дека сите фанови кои ќе сакаат да се појават на „Јохан Кројф арената“ ќе мораат да го исполнат најважниот услов.
Владата на Холандија побара од федерацијата сите фанови кои сакаат да бидат на стадионот да имаат негативен ПЦР – тест направен на денот на натпреварот. Фановите ќе го добијат тестот околу еден час по тестирањето и секој што ќе има негативен резултат ќе може да се упати на трибините на „Јохан Кројф арена“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski