
Сите судиски одлуки донесени со видео асистенција (ВАР) на Европското првенство во Германија ќе бидат објаснети во реално време на стадионот и на гледачите, најави шефот на Судиската комисија при УЕФА, Роберто Росети.
За време на прес-конференцијата на која беше презентиран судискиот систем планиран за ЕВРО 2024, Росети навести дека ситуациите кои вклучуваат интервенција од ВАР собата ќе се емитуваат на стадионот.
„По видео помошта, техничкото образложение на одлуката ќе биде емитувано на големите екрани на стадионот“, изјави Росети. На пример: „Пенал, игра со рака. Играчот број девет од Германија ја допре топката со левата рака која беше во неприродна положба над рамото”.
Истото соопштение ќе биде ставено на располагање на коментаторите на натпреварот за да можат да им објаснат на гледачите.
Росети изјави и дека само капитените на тимовите ќе смеат да разговараат со судијата, а разговорот на кој било друг играч ќе биде санкциониран со жолт картон.
„Тоа го правиме за идните генерации. Не го правиме тоа за судиите, туку за фудбалот и имиџот на играта, за младите играчи и младите судии“, рече Росети.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Герет Саутгејт ќе биде нов селектор на Полска?

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
