Каталонскиот гигант Барселона се наоѓа во голема финансиска криза и не успева да најде заеднички јазик со дел од фудбалерите кои се ставени на трансфер – листа. Еден од нив е Самуел Умтити, кој не сака да замине од „Камп Ноу“, не сака ниту да се сложи на намалување на годишната плата, а засега нема клуб кој би се заинтересирал да го ангажира под тие услови.
Но, се чини дека раководството на Барселона го губи трпението со францускиот дефанзивец. Откако вложи напори за преговори и направи обид да се изнајде најдобра солуција за иднината на фудбалерот, се чини дека каталонскиот гигант еднострано ќе му го раскине договорот на Умтити. Иако тоа ќе значи и поведување на спор, сепак, Барселона не сака веќе да го има Умтити во тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













