
Работнички го пречекува актуелниот првак Шкендија во 22.коло од Првата фудбалска лига. Три дена подоцна, поради одложувањето што го предизвикаа снежните врнежи, продолжува фудбалскиот шампионат, „романтичарите“ се пред нов голем предизвик.
По триумфот над Скопје (0-1) во минатото коло, атмосферата во тимот е одлична, а голманот Бурхан Мустафа очекува ново квалитетно издание.
„Шкендија е актуелен првак, еден од најдобрите тимови во Првата македонска лига, секако дека ги респектираме. Но, исто така веруваме во нашиот квалитет и доколку одиграме на потребното ниво, верувам дека можеме да оствариме успех“, вели чуварот на мрежата, Бурхан Мустафа.
Шкендија ја презема фаворитската улога на овој дуел, тоа го истакнува голманот Костадин Захов.
„Ние сме фаворити на натпреварот против Работнички. Но, и покрај тоа што се на осмото место на табелата, не треба да ги потценуваме. Напротив, мора да дадеме се од себе за да оствариме победа. На арената во Скопје има многу поволни услови за фудбал, а добриот терен ќе ни овозможи да го играме она што од нас се очекува, квалитетен фудбал. И токму тоа верувам дека ќе ни овозможи да се вратиме во Тетово со три бода“, изјави Костадин Захов.
Лидерот Шкупи гостува на Ренова во Тетово, а Македонија ЃП ќе се обиде да ја продолжи одличната пролетна серија и во Струга.
Брегалница е фаворит против Пелистер, исто како и Академија Пандев против Борец.
На првиот натпревар од 22.коло, Тиквеш го совлада Борец со 3-0.
ДВОЈКИ, ПРВА ЛИГА – 22.КОЛО (14 ЧАСОТ)
РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА
РЕНОВА – ШКУПИ
БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР
СТРУГА ТРИМ ЛУМ – МАКЕДОНИЈА ЃП
АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – БОРЕЦ
ТИКВЕШ – СКОПЈЕ 3-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Пелистер
Пелистер го доведе Петар Петковски

Млади репрезентации
Македонија У21 убедливо поразена во Полска

Прва лига
Работнички се засили со Демир Имери

Млади репрезентации
Македонија У19 подобра од БиХ на првиот тест

Млади репрезентации
Започнува продажбата на билети за мечот Македонија – Италија (У21) во Битола

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го продава Андре Онана

Млади репрезентации
Избраниците на Горан Станиќ од Краков го почнуваат патот за ЕП 2027
