Connect with us

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил тренер во репрезентацијата на Мароко

Поранешниот марокански репрезентативец, Мустафа Хаџи, е казнет поради фалсификување на тренерска лиценца. Дисциплинската комисија на Африканската фудбалска конфедерација му забрани на Хаџи во следните пет години професионално да се занимава со каква било активност поврзана со фудбалот.


По одличната фудбалска кариера, тој се одлучи за тренер, но никогаш не се заложи да добие ФИФА лиценца.


Хаџи зад себе има одлична фудбалска кариера, настапуваше за Мароко на СП 1994 и 1998 година, а по второто Светско првенство беше прогласен за најдобар играч на Африка.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови