
Нема поединец во таборот на македонската репрезентација кој овде во Тбилиси не верува во триумф на денешниот натпревар против Грузија во второто коло од Лигата на нациите. Огромни се желбите меѓу избраниците на Игор Ангеловски да се продолжи со победите и покрај тоа што е јасно дека не очекува тежок противник кој еднакво атакува на трите бода.
„Знаеме дека не чека тежок противник, Грузија е можеби и благ фаворит поради домашниот терен но ние исто така атакуваме на победа. Верувам дека ќе одиграме и подобро од изданието против Ерменија во Скопје, па со бодови ќе го завршиме овој прв мини-циклус од Лигата на нациите. За нас ова натпреварување секако е важно, затоа што целите се повторно да се бориме за првото место во групата“ – вели дефанзивецот на унгарски Мол Види, Висар Муслиу.
Натпреварот меѓу Грузија и Македонија на националната арена „Динамо“ во Тбилиси се игра со почеток од 18 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија до 19 години вторпат ја победи Босна и Херцеговина
