
Талентираниот играч за врска на Баерн Минхен, Џамал Мусијала е позитивен на коронавирусот и е надвор од тимот на Џулијан Нагелсман за дуелот со Плзен во Лигата на шампионите. Според „Билд“, тој се уште има шанса да се врати за натпреварот против Фрајбург во недела. Ова ќе се случи ако тестот на Мусијала е негативен за пет дена.
Минатата недела Томас Милер и Џошуа Кимих имаа позитивни тестови поради кои го пропуштија претходниот меч со Плзен, во кој Баварците го прегазија чешкиот шампион со 5-0. Милер не играше ниту на дербито со Борусија Дортмунд во кое Кимих влезе како резерва.
Мусијала импресионираше од почетокот на сезоната и веќе има седум гола и шест асистенции на 12 натпревари за Баерн Минхен во сите натпреварувања.
Jamal Musiala has tested positive for COVID-19.
— FC Bayern Munich (@FCBayernEN) October 10, 2022
🔗 https://t.co/X6ynkB45P5

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
