
Германија е меѓу големите фаворити за трофејот на Светското првенство, вели 19-годишниот играч за врска на Баерн Минхен, Џамал Мусиjала. И покрај неговата младост, тој веќе има 17 натпревари за Бундес-тимот и се смета за најголем талент во Германија во последните години.
Во интервју за магазинот „Кикер“, Мусијала ги сподели своите очекувања за Светското првенство во Катар. Германија стана светски шампион во 2014 година, но тимот испадна во групната фаза во 2018 година. Сега во групата Германија ќе се соочи со Шпанија, Јапонија и со Костарика во првите три натпревари.
„Мислам дека имаме многу добар тим и можеме далеку. Одиме во Катар со намера да го освоиме трофејот. Групата не е воопшто лесна и овие натпревари јасно ќе ни покажат какво е нашето ниво во моментов. Се надевам дека ќе се пробиеме до елиминациите“, изјави Мусијала.
За други фаворити за освојување на турнирот, тој ги посочи Бразил, Аргентина и Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија мина прва низ целта, и ако се погледне целата сезона, сосема заслужено се...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Рома остана без капитенот до крајот на сезоната

Евро-фудбал
Чаби Алонсо има две желби за новиот Реал

Евро-фудбал
Артета: Ливерпул заслужува шпалир
