Жозе Мурињо е блиску до доведување на нов десен бек. Изборот на тренерот на Рома падна на играчот на Барселона, Хектор Белерин.
По единаесет години поминати во Арсенал, Белерин на почетокот на оваа сезона пристигна во Барселона како слободен играч, но во првиот дел од сезоната навистина не играше.
Сезонава забележа само пет настапи, а стартуваше само на три, два во Лигата на шампионите и еден во шпанското првенство.
Поголемиот дел од натпреварите ги мина на резервната клупа, а договорот со Барселона го обврзува до крајот на сезоната кога повторно ќе биде слободен играч.
Чави не сака да му понуди нов договор, а сигурно е дека сите во Барселона би сакале да заработат барем нешто од него и да го продадат во зимскиот преоден рок.
Според медиумите од Апенините, Мурињо веќе договорил се со Белерин, но прашање е дали ќе успее да го доведе во јануари.
Секако дека зависи од Барселона, доколку бидат задоволни од понудата што ќе ја испрати Рома, Чави ќе го пушти.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













