
Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, го сподели своето мислење за претстојното финале во Лига Европа, во кое римјаните ќе се борат за трофејот со шпанскиот прволигаш Севилја. „Специјалниот“ сподели дека не верува во некоја посебна формула за успех, потенцирајќи дека неговите играчи и момемтно веќе пишуваат историја.
„Рим е фудбалски град, тука се чувствува чувството на припадност кон нешто големо. Не размислувам за тоа што се случило претходно, минатото е минато. Мојата филозофија и мојата тајна е да гледам во иднината. Луѓето веројатно мислат дека сум постар отколку што сум навистина затоа што сум долго време во фудбалот, а исто така и поради мојата седа коса. Но, не сум доволно возрасен за да престанам сега, има уште многу време да ме гледате. Мислам дека нема некои посебни тајни за успехот. Во фудбалот, како и во сѐ останато, најважни се човечките односи. На моите играчи им го кажувам истото – секогаш треба да дадете сѐ од себе. Поради оваа причина, навивачите на Рома нѐ почитуваат и нѐ поддржуваат многу. Секојдневно работиме напорно за да испишеме историја. Само големите клубови можат двапати по ред да стигнат до финале на некој европски трофеј, па дури и тие ретко го прават тоа…“, изјави Мурињо за „Скај Спорт Италија“.
Финалето на Лига Европа меѓу екипите на Рома и Севилја се игра утре во Будимпешта.

-
Ексклузивна колумна на Филип Лам – Џуд Белингем ќе го освојува светскиот фудбал
Борусија Дортмунд би можела да ја искористи слабата фаза на Баерн Минхен и да...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Не е до менталитетот, до квалитетот е!
Македонија имаше водство од 2-0 против Украина и, според зборовите на Барди, играше како...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Дембеле веќе размислува и за заминување од ПСЖ?

Евро-фудбал
Кејн урива рекорди во Баерн Минхен

Интернационалци
Трајковски со триумф дебитираше за Хајдук (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Сасуоло го сопре налетот на Јувентус (ВИДЕО)
