Босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ сигурно ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Тој сака да се врати во Јувентус и „бјанконерите“ важеа како фаворити за неговиот потпис.
Пјаниќ прифатил 20% намалување на платата за да се врати во Торино, но Јувентус треба прво да се ослободи од Арон Рамзи. Таквата ситуација сака да ја искористи Рома и веќе стапиле во контакт со неговиот агент, па сака да го „украде“ пред носот на големиот ривал.
Барселона е подготвена да го даде Босанецот на двегодишна позајмица за да се ослободи од неговата висока плата, а Мурињо го убедува Пјаниќ да се врати во Рома. Во наредните неколку дена се очекува конечно да се разреши неговата ситуација.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













