Connect with us

Мурињо сака да доведе во Рома уште еден свој фудбалер од Челси

Португалскиот стратег Жозе Мурињо, новиот тренер на Рома, сака да го донесе Рубен Лофтус – Чик од Челси. Англискиот фудбалер не се прослави минатата сезона на позајмица во Фулам, а Челси оваа сезона не смета на него. Лондонскиот клуб би го продал на Рома за 16 милиони евра.


Мурињо го водеше Рубен Лофтус – Чик во Челси пред шест години, добро ги знае неговите квалитети и верува дека тој може да му помогне на тимот на Рома во новата сезона. Можно е тој да пристигне и како позајмен играч на „Олимпико“ до крајот на оваа сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови