Фенербахче и Манчестер Јунајтед одиграа возбудлив натпревар во Истанбул во рамките на Лига Европа, кој заврши нерешено 1-1. Жозе Мурињо, тренерот на Фенербахче, доби црвен картон на почетокот на второто полувреме, што дополнително ја „запали“ атмосферата.
Кристијан Ериксен го постигна водечкиот гол за Манчестер во 15. минута, но Јусеф Ен Несири израмни во 49. минута. Со ова реми, тимот на Ерик тен Хаг останува без победа по три кола во Лига Европа.
Во останатите натпревари, Лацио, Тотенхем и Андерлехт се издвојуваат со максимални девет бода по три одиграни кола.
Лацио славеше со 0-2 против Твенте благодарение на головите на Педро и Исаксен. Тотенхем победи со 1-0 против АЗ Алкмар, со голот од пенал на Ришарлисон во 52. минута. Андерлехт со 2-0 го совлада Лудогорец.
Атлетик Билбао победи со 1-0 против Славија Прага, со голот на Нико Вилијамс, додека Порто со 2-0 го порази Хофенхајм. Бешикташ со минимални 0-1 славеше на гостувањето против Лион, а Ренџерс со убедливи 4-0 го декласира ФЦСБ. Олимпијакос победи со 0-1 на гости кај Малме.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













