
Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, го коментираше нерешениот резултат 1-1 со Манчестер Јунајтед. Тој беше задоволен од освоениот бод против англискиот тим, но во исто време жали што неговите играчи беа блиску до победа, но не успеаја да го совладаат голманот Андре Онана, кој имаше две брилијантни одбрани.
„Игравме против тим кој е на повисоко ниво од нашиот. Премиер лигата е поквалитетно првенство, со поголем интензитет, брзина и сè друго. Момците одиграа неверојатен натпревар. Го завршивме натпреварот со централен дефанзивец кој играше како десен бек, а десен бек играше од лево. Мораше да составиме луд мозаик, но нашата игра беше прекрасна и не можам да барам повеќе од моите играчи“, започна Мурињо.
„Феноменално издание. Јунајтед постигна гол од ситуација од која се очекуваше да постигнат, бидејќи имаат многу брзи крила и знаевме дека така можат да ни наштетат. Онана направи неверојатни одбрани. Мојот голман не одбрани ништо, додека Онана направи две одбрани за десет секунди. Тој имаше најважна улога за овој резултат. Не направи 20 одбрани, но направи две што беа неверојатни“, смета Специјалниот.
Португалецот доби уште еден црвен картон и во свој типичен стил го коментираше решението на судијата.
„Трчајќи со 100 милји на час, судијата гледаше со едно око на ситуацијата за пеналот и со едно око на моето однесување. Затоа тој е еден од најдобрите судии во светот“, изјави Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Влатко Колев го објави списокот на фудбалери за Македонија У17 против Кипар

Евро-фудбал
Стив Манданда ја заврши кариерата

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември
