Португалскиот стратег Жозе Мурињо од следната сезона ќе седне на клупата на Рома. Но, како што откриваат италијанските медиуми, тој не бил првиот избор на сопственикот Фридкин за тренерската позиција.
Американскиот тајкун претходно го контактирал Марсело Галјардо, актуелниот тренер на Ривер Плата и сакал да го доведе на „Олимпико“. Сепак, аргентинскиот стратег одговорил дека не може да го напушти тимот пред истекот на 2021 година кога завршува неговиот договор со Ривер Плата. Дури потоа Фридкин се фокусирал на други опции и влегол во преговори со Жозе Мурињо. Ова може да биде голем удар на егото на Португалецот.
Галјардо е барано име во светот на европскиот фудбал, во минатото се споменуваше и како можен тренер на Реал Мадрид и на Барселона, но се уште е верен на Ривер Плата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













