Италијанскиот калчолигаш Рома успеа да доведе нов напаѓач што беше приоритетна цел на тренерот Жозе Мурињо пред почетокот на новата сезона во Серија А. Елдур Шомуродов од Џенова пристигна на „Олимпико“ за сума од 17,5 милиони евра, плус дополнителни 2,5 милиони евра кои клубот ќе може да ги добие преку бонуси.
Узбекистанскиот интернационалец потпиша договор до јуни 2026 година.
„Потписот за Рома за мене е еден голем чекор напред во кариерата. Ќе сторам се за да му помогнам на клубот да ги оствари своите цели. Се надевам дека ќе имаме успешна сезона“, изјави Шомуродов при презентацијата.
Тој ќе го носи дресот со број „14“ во Рома.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













