Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ги сподели своите очекувања пред дуелот со Њукасл во Лигата на шампионите и откри како одредени карактеристики на тимот влијаат врз тактичкиот план.
„Ние не сме брз тим, ниту тим кој прави многу силни и брзи транзиции. Не играме со многу вертикални крила. Сепак, врската Судаков – Павлидис е нешто што можеме да го искористиме и постојано да ја подобруваме. Многу е важно да ја пробиеме првата бариера на противничкиот пресинг, бидејќи таа е многу интензивна — тие напаѓаат со многу играчи напред и оставаат простор меѓу средната линија и одбраната, кој мораме да го користиме“, објасни Мурињо.
Тој исто така зборуваше за недостатокот на интензитет кај тимот.
„Тренинзите се од голема корист, но интензивните тренинзи е тешко да се изведуваат кога имаш три натпревари во неделата. Сепак, постои разлика меѓу физички и ментален интензитет. Менталниот интензитет е тоа што го правиш кога ја враќаш топката — ако првата помисла е да подадеш настрана, назад или да бараш опции пред себе, тоа е ментален интензитет, кој нема врска со физичката форма. Сакам играчите да размислуваат за вертикалност кога ја поседуваат топката. Сè е поврзано со карактеристиките на играчите, но сигурен сум дека ќе напредуваме“, заврши „Специјалниот“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













