
Италијанскиот калчолигаш Рома треба да одговори на желбата на тренерот Жозе Мурињо за почеток на разговори за нов договор. „Специјалниот“ веќе најави дека негова желба е долгорочно да се посвети на клубот откако во јуни ќе му истече актуелниот договор.
„Сакам да продолжам со мојата работа во Рома. Ако останам овде, претпочитам да работам со млади играчи за да се развиваат, а не со оние кои немаат што да научат. Сакам да останам, имам тенденција да го променам моето размислување. Зборував со шефовите, но кога ќе ги погледнам навивачите, не можам а да не го сакам овој клуб. Можната разделба ќе ми биде тешка. Ако се случи, нема да биде по моја волја“, изјави Мурињо денови претходно.
Во оваа фаза, сепак, тој допрва треба да добие официјална понуда, а директорите на „волчицата“ сè уште не го сметаат ова прашање за приоритет.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
