
Жозе Мурињо збесна по ремито помеѓу Рома и Монца (1-1) во натпреварот од 33.коло на италијанскиот шампионат. Коментирајќи го натпреварот, тој рече дека неговиот тим постигнал подобри резултати од очекувањата со оглед на тимот што го води, а особено му се налути на главниот судија Даниеле Чифи.
„Заморот влијае на концентрацијата, фокусот и координацијата. Имаме многу проблеми. Играат играчи кои не се целосно подготвени или кои немаат квалитет да играат на ова ниво. Немавме играчи за на клупа, момците кои одиграа го дадоа максимумот. Мислам дека резултатот е реален, не би било во ред да се каже дека Рома ја заслужи победата, но не е точно дека и Монца ја заслужи“, изјави тој и се сврте кон судијата:
„Ова беше најлошиот судија со кој сум имал работа во мојот живот. Верувајте ми, сум имал работа со многу лоши судии. Обично кога зборувам за нив, тоа е поради нивното влијание врз играта. Во овој случај, тоа не е така. Тој е страшен, не е поврзан со никого, нема емпатија. Му даде црвен картон на играч кој се лизна во 96. минута поради замор“.
„И тоа е доказ за слабоста на Рома. Ја немаме моќта на другите клубови кои можат да кажат дека не го сакаат овој судија. Престанав да работам 20-30 минути пред крајот на натпреварот, знаев дека ќе ми дадат црвен картон за било што. Затоа го напуштив теренот порано, не сакав повеќе да го гледам“, истакна Мурињо.
Рома поведе во натпреварот со голот на Стефан Ел Шарави во 24. минута. Лука Калдирола во 39. израмни на 1-1, а исклучувањето во 96. минута за кое зборува Мурињо беше за Зеки Челик.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal