Португалскиот стратег Жозе Мурињо се зафати со сериозна работа во Фенербахче. Тој бара неколку квалитетни засилувања за да може да изгради тим што по цела деценија треба да го врати шампионскиот трофеј во овој клуб.
Турските медиуми откриваат дека најголема желба на Мурињо е полскиот голгетер Роберт Левандовски. Тој истакна дека би сакал да остане во Барселона, поради тоа одби и богата понуда од Саудиска Арабија, но, сепак, Португалецот ќе си ја испроба среќата и ќе се обиде да го убеди напаѓачот да се пресели во Истанбул.
Интересна е најавата дека доколку дојде Роберт Левандовски во Фенербахче, тогаш босанскиот напаѓач Един Џеко би направил трансфер во големиот ривал Бешикташ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













