Connect with us

Мурињо го сака Боатенг во одбраната на Рома

Португалскиот стратег Жозе Мурињо сака да ја реновира одбраната на Рома за новата сезона и покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Баерн Минхен, Џером Боатенг. Тој ова лето ќе го напушти баварскиот клуб со оглед дека му заврши договорот со клубот.


Мурињо смета дека Боатенг може да го донесе неопходното искуство и квалитет во составот на Рома, но ќе треба да реагира побрзо од Монако. Францускиот клуб исто така го сака Боатенг во своите редови за претстојната сезона.


32-годишниот дефанзивец е отворен за сите понуди и не би имал против да соработува со Мурињо и да го облече дресот на Рома.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови