Фенербахче ова лето направи фантастичен потег со доведувањето на Жозе Мурињо на тренерската позиција, што беше голем настан за турскиот фудбал, но се чини дека португалскиот стратег нема да се задржи долго, бидејќи на повидок е неочекуван развој на ситуацијата.
Фенербахче чека на титулата шампион на Турција веќе десет години. Откако минатата сезона Исмаил Картал не успеа да ја освои, раководството на турскиот гигант реши да му врачи отказ. На изненадување на фудбалската јавност, Фенербахче успеа да го ангажира Жозе Мурињо, што беше голем потег за турскиот фудбал.
И покрај тоа што Фенербахче не ја отвори сезоната според очекувањата, надежите од овој тим остануваат големи, а навивачите на клубот од Истанбул веруваат дека Мурињо е токму човекот кој може да го направи Фенербахче шампион на Турција, титула што ја чекаат уште од 2014 година.
По доаѓањето во Истанбул, Мурињо потпиша двегодишен договор со Фенербахче, но иако е на клупата само три месеци, се појавија информации дека „Специјалниот“ би можел да ги спакува куферите и да ја напушти Турција поради друга понуда.
Англиските медиуми пишуваат дека Мурињо добил можност повторно да се врати во Премиер – лигата, што не сака да ја пропушти, и покрај тоа што неодамна пристигна во Фенербахче. Се шпекулира дека Евертон покажал голем интерес за да го доведе Мурињо и добиле повратна информација дека португалскиот стручњак нема ништо против да пристигне на „Гудисон Парк“.
🚨 Fenerbahçe boss José Mourinho is a contender to replace Sean Dyche as Everton manager once Dan Friedkin's takeover of the club is completed.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 4, 2024
(Source: Football Insider) pic.twitter.com/mTsgIbgQnN
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski