Рома синоќа на домашен терен успеа да го победи Удинезе со 1-0. Човек на одлука беше Тами Абрахам, кој му помогна на својот тренер Жозе Мурињо да постигне уште едно значајно достигнување. Португалецот направи серија од 41 натпревар без пораз на домашен терен во Серија А.
Само Масимилијано Алегри успеа да го стори тоа (се смета од сезоната 1994-95 кога се доделуваат три бода за победата) во првиот мандат во Јувентус од септември 2015 до септември 2017 година.
На следниот меч Мурињо ќе се обиде да го урне рекордот и да остане сам на врвот. Се разбира, повеќето од победите Португалецот ги оствари со Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













