Напаѓачот на Челси, Жоао Феликс, би можел да се пресели во Турција. Португалскиот репрезентативец е трансферна цел на Фенербахче.
Според информациите на „Фотомач“, Жозе Мурињо, лично го замолил претседателот на клубот, Али Коч, да го доведе неговиот сонародник.
Мурињо разговарал со Феликс за да го убеди дека трансферот во Турција нема да биде чекор назад во неговата кариера. Планот е напаѓачот да пристигне во тимот на позајмица со опција за откуп.
Жоао Феликс го започна својот втор престој во Челси. Португалецот е резерва кај тренерот Енцо Мареска, а од почетокот на сезоната има одиграно девет натпревари во Премиер – лигата, но само двапати започнал како стартер.
Покрај Жоао Феликс, цел на Фенербахче е и Олександр Зинченко, украинскиот интернационалец кој е член на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













