
Мурињо со Тотенхем го загуби лондонското дерби против Челси со гол од пенал за кој Португалецот смета дека не требало да биде досуден. Нервозата по поразот го стори своето па Мурињо дрско се однесуваше со новинарката на „Скај Спортс“.
„Имам многу добро мислење за судијата Маринер и затоа можам да кажам дека не сум задоволен како судеше. Тие победија со гол од пенал кој не постоеше“, изјави Мурињо.
Потоа уследи прашање зошто не играше Герет Бејл, а португалскиот стратег даде дрзок одговор.
„Тоа е добро прашање, но не заслужуваш да ти дадам одговор“, одбруси Мурињо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski