
Жестоки реакции ја потресоа турската фудбалска јавност по одлуката на Фудбалската федерација да го казни Жозе Мурињо со само три натпревари суспензија, откако португалскиот стратег физички го нападна Окан Бурук, тренерот на Галатасарај.
Инцидентот се случи по завршувањето на бурниот четвртфинален натпревар од Купот на Турција помеѓу Фенербахче и Галатасарај кога Португалецот го зграпчи Окан Бурук за носот, а многумина очекуваа многу поригорозна казна за искусниот тренер на Фенер.
Симпатизерите на Галатасарај ја нарекоа казната „срамна“, посочувајќи дека легендарниот Фатих Терим во минатото добил осум натпревари суспензија за многу поблаг прекршок.
На табелата од турската Суперлига, ситуацијата е крајно неизвесна, Галатасарај води со шест бодови, но Фенербахче има натпревар помалку. Суспензијата на Мурињо доаѓа во клучен момент на сезоната, со само десет кола до крајот, што дополнително ја разгорува тензијата меѓу двата големи ривали.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Вест Хем сака да го купи Елиф Елмас

Евро-фудбал
Даглас Луис на чекор до Нотингем

Евро-фудбал
Челси ја заврши приказната со Николас Џексон
