Селекторот на фудбалската репрезентација на Швајцарија, Мурат Јакин, изјави дека елиминацијата од Англија во четвртфиналето на Европското првенство многу боли. Швајцарците загубија со 3-5 на пенали, по 1-1 во регуларното време и продолженијата.
„Боли. Вложивме толку многу напори, создадовме толку многу шанси. Тажно ми е за момците и за нацијата. Англија немаше многу шанси, а ние создадовме многу повеќе. Не заслуживме да испаднеме, но можеме да се гордееме со нашето претставување на ЕВРО 2024“, коментира Јакин.
„Бевме елиминирани затоа што изведувањето на пенали е прашање на среќа, а ние ја немавме. Им направивме многу проблеми на големите селекции, така што си одиме со високо кренати глави“, продолжи Мурат Јакин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal