Новопромовираниот прволигаш Башкими од Куманово го назначи Муарем Муарем за нов предводник на екипата. Поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец, кој неодамна започна со својата тренерска кариера, добива нова шанса да се докаже во Првата македонска фудбалска лига.
Муарем, кој има богато фудбалско искуство зад себе како играч, минатата сезона го водеше тимот на Гостивар, а беше дел и од стручниот штаб на Шкупи. Сега, добива доверба од раководството на Башкими да го води клубот во елитниот шампионат.
Кумановци веруваат дека со ангажманот на младиот и амбициозен стратег ќе добијат стабилност, квалитет и позитивни резултати во претстојната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













