
Белгискиот интернационалец Мичи Батшуаи потпиша договор со Фенербахче. Иако требаше да потпише за Нотингем Форест, Мичи Батшуаи на крајот заврши во Турција. Напаѓачот има договор со Челси до летото 2023 година, но прашањето за неговата иднина беше решено во последен момент.
Поранешниот фудбалер на Олимпик Марсеј не играше најдобро во Челси, кој во изминатите сезони го испраќаше на различни позајмици. Сега имаше план повторно да замине од Лондон и практично беше договорен трансфер во Нотингем Форест, но се пропадна во последните минути од преодниот рок.
Челниците на Челси и Нотингем договорија се и се чинеше дека Батшуаи сигурно оди во овој клуб, но по полноќ беше потврдено дека на крајот ништо нема да излезе од тоа.
Имено, клубовите не ја испратија навреме документацијата околу овој трансфер и на крајот челниците на Премиер-лигата ги немаа сите услови да го официјализираат трансферот на Белгиецот пред крајот на преодниот рок.
Сепак, Батшуаи ќе стане нов соиграч на Езгјан Алиоски. Договорен е трансфер во Фенербахче, а негова среќа е што трансферите во Турција можат да се реализираат до 8 септември.
Во некои други земји преодниот период се уште е на сила. Во Белгија ќе трае до 6 септември, а во Чешка, како и Турција, до 8 септември. Отворени се и Португалија и Грција и траат до 22 септември.
Единствено прашање сега е како ќе реагираат навивачите на Бешикташ бидејќи тој реши да игра во редовите на лутиот градски ривал Фенербахче.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
