
Му олесна на Рубен Аморим, барем малку. По тешкиот старт на сезоната и силните критики, Португалецот најде решение – Манчестер Јунајтед го совлада Челси во дербито на „Олд Трафорд“ со 2-1.
Мечот почна бурно. Веќе во втората минута голманот Санчез направи наивна грешка – излета предолго и го собори Мбеумо. Прекршокот беше надвор од казнениот простор, но црвениот картон беше неминовен. Челси остана со играч помалку.
Набргу следуваше нов проблем за гостите. Палмер се повреди и мораше да го напушти теренот. Јунајтед го почувствува моментот. Доргу нафрли, а Бруно Фернандеш со глава погоди за 1-0 – негов 100-ти гол за клубот во Премиер – лигата.
Домашните целосно ја презедоа контролата. Јоргенсен имаше полни раце работа, а во 37. минута Касемиро од мешаница во шеснаесетникот зголеми на 2-0. Но, токму Бразилецот стана трагичар. Во продолжението пред паузата заработи втор жолт картон и го остави својот тим со десет играчи.
Челси потоа се врати во игра. Фофана прво погоди, но голот беше поништен заради офсајд. Дваесет минути подоцна, Џејмс испрати одличен центаршут, а Чалоба со глава намали на 2-1. Следуваше возбудлив финиш, но Јунајтед умешно ја сочува предноста и ги освои трите бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal
