Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоаким Лев, вечерва по 33. пат ќе го предводи бундес-тимот на квалификациски меч за СП. Верувале или не, нема доживано ниту еден пораз. Мечот против Македонија ќе му биде последен квалификациски натпревар, со оглед дека веќе јавно го објави заминувањето од кормилото по завршувањето на Европското првенство.
Игор Ангеловски ќе биде неговиот последен предизвикувач во квалификациите. Може ли предводникот на македонскиот национален тим да направи сензација во Дуисбург и да ја расипе „перфекцијата“ на Јоаким Лев?
Како што најави капитенот Горан Пандев, Германците се големи фаворити, но во фудбалот се случуваат и изненадувања. Македонија ќе се обиде да направи чудо на вечерашниот меч против Германија во Дуисбург.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













