Со голот против Хрватска во натпреварот од првото коло на групата Б на Европското првенство, шпанскиот репрезентативец Алваро Мората се искачи на третото место на најдобрите стрелци на европските првенства на сите времиња.
Шпанија вчера во Берлин ја совлада Хрватска со 3-0.
За искусниот напаѓач тоа беше седми гол на завршница на континенталните шампионати.
Ист ефект имаат и Французинот Антоан Гризман, како и легендарниот Англичанец Алан Ширер.
Најдобар стрелец на европските првенства е, без конкуренција, Кристијано Роналдо, кој досега постигна 14 голови.
На второто место е славниот Французин Мишел Платини со девет голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













