
Алваро Мората, шпанскиот напаѓач на Милан, очекува свирежи од навивачите на Реал Мадрид при средбата меѓу двата тима утревечер во Лигата на шампионите. Мората, кој се приклучи на Милан со трансфер од Атлетико Мадрид летово, изјави дека периодот за адаптација е завршен и го истакна Рафаел Леао како „најдобриот фудбалер во тимот“.
„Пред да дојдам во Милан, секој ми велеше дека воздухот тука е различен. Гледаш луѓе околу себе кои постигнале многу за Милан. За мене, овој клуб отсекогаш имал важна улога во фудбалската историја“, рече Мората.
„Нормално е да има притисок кога играме на „Сан Сиро“, во Лигата на шампионите и секој пат кога ја носиме оваа маичка. Секој натпревар носи посебна одговорност, но тоа е повеќе привилегија отколку товар. Многу фудбалери би дале сè за да играат во ваков клуб, а јас имав среќа да играм на највисоко ниво“, продолжи напаѓачот.
Мората истакна дека Милан треба да верува дека може да ја освои Лигата на шампионите.
„Во фудбалот ништо никогаш не е сигурно. Минатата година Борусија Дортмунд не играше добро во Бундес-лигата, но стигна до финалето во Лигата на шампионите. Којзнае што ќе се случеше ако постигнеа гол при резултат 0-0? Можеби сега тие ќе беа европски шампиони. Тоа е убавината на Лигата на шампионите. Мораме да веруваме. Ние сме Милан и целиме кон освојување на сè што е можно“, додаде шпанскиот напаѓач.
„Имаме многу нови играчи и нов тренер, но времето за адаптација истече. Мораме да работиме на вистинскиот начин. Рафаел Леао е голем талент. Тој е најдобриот играч во тимот и мора да продолжи како што знае. Ова е само фаза, а еден важен гол ќе му ја врати самодовербата. Не е лесно, но тој е многу важен за нас и ни е потребен. Тој тоа одлично го знае. Работи сериозно и неговото време ќе дојде за да ни помогне да победуваме“, заврши Мората.
32-годишниот напаѓач има постигнато два гола и две асистенции во 11 натпревари од почетокот на сезоната. Неговиот договор со Милан истекува во јуни 2028 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Ериксен се сели во Бундес-лигата

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Спектакл во Битола: Младите фудбалери на мегдан со Италија

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола
