Напаѓачот на Милан и шпанската репрезентација, Алваро Мората, зборуваше за заминувањето од Атлетико Мадрид и ги сподели тешките чувства што ги доживеал пред Европското првенство 2024.
„Кога минувате низ тешки моменти, како депресија или напади на паника, водите битка во себе со другото јас и тоа може да се случува секоја вечер. За мене донесов важна одлука да ја напуштам Шпанија, бидејќи конечно дојдов до моментот кога веќе не можев да се справам со оваа ситуација. Три месеци пред почетокот на Европското првенство 2024 не знаев дали ќе можам повторно да се вратам на фудбалот. Губев разбирање за тоа што ми се случува. Имаше моменти кога ми беше тешко дури и да ги врзам врвците на чевлите“, изјави Мората.
Мората се пресели во Милан од Атлетико Мадрид ова лето. Оваа сезона напаѓачот учествуваше во шест натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и една асистенција.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













