Connect with us

Мората имаше среќа, ќе паузира само 20 дена

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, ќе биде надвор од терените околу 20 дена. Шпанецот го повреди коленото во финишот на првото полувреме на натпреварот против Севилја, кој неговиот тим го загуби со 0-1.


Голгетерот со солзи во очите го напушти теренот, а првичните прогнози беа дека се работи за потешка повреда.


Сепак, Мората се очекува да биде достапен за реваншот против Интер во осминафиналето во Лигата на шампионите.


„Фала му на Бога, мојата повреда на коленото не е сериозна. Благодарам за многуте пораки“, напиша Мората на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови