Шпанските репрезентативци Алваро Мората и Родри се казнети со еден натпревар суспензија поради непристојно однесување за време на прославата на освојувањето на титулата европски шампион во Мадрид минатиот месец, соопшти УЕФА.
Играчите пееја „Гибралтар е шпански“ на 15 јули, ден по нивната победа над Англија во финалето на Европското првенство, за време на јавната прослава во главниот град на Шпанија.
Гибралтар е британска територија која се наоѓа на јужниот врв на Шпанија.
УЕФА соопшти дека одлуката за казната е донесена поради непочитување на општите принципи на однесување, кршење на основните правила на пристојно однесување, користење на спортските настани за манифестации од неспортска природа и доведување на фудбалот како спорт на лош глас.
Забраната ќе го покрие следниот меѓународен натпревар на УЕФА на кој играчите инаку би имале право да играат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













